отребни состојки:
Шеќер – 1 чаша
Млеко – 1 чаша
Брашно – 1 чаша
Вода – 1 чаша
Сода бикарбона – 1 ќесичка
Мармалад од кајсија – 3 лажици
Какао – 2 лажици
За преливот:
Мармалад од кајсија – 2 лажици
Чоколадо за готвење – 100 грама
Масло – 1 лажица
Начин на подготовка:
Прв чекор: Сите состојки за пандишпанот измешајте ги и изматете ги со миксер. Испечете го на 200 степени.
Втор чекор: На сеуште топлиот пандишпан, ставете го мармаладот од кајсија во посакуваната количина.
Трет чекор: Чоколадото скршете го на коцки и ставете го на средна температура во тавче со малку масло, промешувајте додека не се стопи чоколадото. Потоа премачкајте го над пандишпанот и мармаладот од кајсија. Колачот оставете го да се олади на собна температура, потоа дополнително во фрижидер.
Пријатно јадење.