Кокос, гранола и кора од лимон овие диетални бимбици ги прават неодоливи.
Потребни состојки:
- 1 шоља микс од гранола за колачи
1/2 шоља кокосови снегулки
1 лажица чиа семе
2 ситно изрендани кори од лимон
8 суви урми ситно исецкани без семка
1/2 шоља ситно исецкани бадеми или лешници
1 лажица вода
2 лажици кокосово масло
2 лажици мед
- Упатство за подготовка:
- На работната површина од кујната постелете мрсна хартија за печење. Во голем сад измешајте гранола, чиа семе и кора од лимон. Во блендер измешајте урми, бадеми и вода и секајте додека не се добие хомогена смеса. Додајте ги и медот и кокосовото масло.
- Измешајте ги состојките заедно во садот и мерете со лажицата за секоја бомбица. Од содржината може да се форрмираат околу 30 бомбици.
- Поставете ги врз мрсната хратија и хартијата трансферирајте ја врз тепсија и замрзнеете околу 2 часа додека не се соединат состојките. Зачувајте ги во сад со капак – може да ги зачувате до 7 дена во фридижер.